Kako Функционираат GPS Уредите ?

Глобален Систем за Позиционирање – Сателитски Трансмисии ГПС Сателити
Системот за глобално позиционирање или ГПС-от т.е. навигацијата го добива својот пренос на податоци од GPS сателитите. Овие системи дејствуваат само како кутија тие не можат да пренесат сигнали. Тие имаат потреба повремено да се поврзуваат со сателитите од небото за да добијат сигнали, нивната функционалност е многу поголема на отворен простор. Понекогаш на патиштата, возачите можат да бидат во области каде што има високи дрвја што на тој начин се прави блокада на сигналите од сателитите и сигналот драстично се намалува, или во области каде што има окружување од високи згради, да не се чудите зошто GPS навигација има проблеми со добивањето на пренос. Секој GPS сателит пренесува податоци кои содржат време, орбитални прецизни информации, на општата состојба т.е. позиција на системот и груб информација за секој GPS сателит.
GPS Сателити
Околу 24 сателити работат истовремено за да се формира констелација која орбитира околу Земјата на секои 12 часа. Теренските станици или ГПС уредите можат да ги следат трансмисиите од овие сателити. Сите ГПС сателити се синхронизираат едни со други со цел сигналот да го пренесат во исто време. Но сепак пренесените сигнали пристигнуваат на GPS приемникот во малку различни временски интервали, бидејќи некои сателити се подалеку од Земјата отколку други. За да се пресмета оддалеченоста на GPS сателитите, мора да се утврди колку време е потребно за да се достигне сигналот до приемникот. GPS приемникот ја проценува далечината на најмалку четири GPS сателити на тој начин што ја калкулира нивната позиција во три димензии.
Пронаоѓање на сигналот од GPS
GPS приемникот ја калкулира локацијата на сателити од информациите вклучени во сателитскиот пренос. GPS приемникот ја проценува далечина од сателитот кој ги пресметува т.е. креира имагинарната сфера во рамките на сателитската констелација. За секој сателит постои по една имагинарна сфера. Можеш да се лоцираш на мапата во зависност од сателитот на поставеност на точката каде се сечат имагинарните сфери. Оваа позиција на GPS приемник е најблиску до површината на сферата кој одговара на четвртиот сателит.
ГПС Мапи
Производителите на GPS навигација употребуваат геодетски и маркери за мапи за да се обезбеди прецизност на позиционирањето. Овие професионалци ги мапираат, обележуваат позначајните места и локации , како што е најблискиот бензински пумпи, ресторани, болници и други обележја. Некои модели на ГПС можат да ги прикажат и иконите за овие место заради нивна полесна идентификација. Ако мора под хитно да пронајде некоја од овие локации, најдобро е да ја пронајдете опцијата за зумирање и потоа да ја пронајдете нивната точна локација со помош на GPS навигацијата. На некои геодетски и маркери за мапи ( mapmakers ) доделени се кодови за нивна полесна идентификација на патиштата, реките или други предмети каде што потоа се споредуваат и анализираат податоци со употреба на компјутерски програми, како што се Географски информациони системи, или ГИС.
GPS Ограничувања
ГПС-от не може да ги открие сите услови на патот, како на пример изградба на патот и слично што е од огромна важност за возачите. Исто така, не може да се открие и сообраќајниот метеж и незгоди, некои понови модели веќе го овозможуваат и ова преку посебни поднесување. Исто така проблем може да бидат и новите предградија или новоизградени патишта и улици. Поради овие недостатоци мора да се прави надградба на софтверот и мапите барем 1 годишно.














